Култура

Писателката од Србија, Надија Реброња, на писателска резиденција во Скопје

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на писателска резиденција во Скопје во јуни престојува писателката од Србија, Надија Реброња.

Надија Реброња (1982) е поетеса и есеистка. Докторирала книжевност на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Предава книжевност како универзитетски доцент. Нејзината поезија е преведена на англиски, шпански, италијански, француски, германски, полски, турски, персиски, македонски, албански и словенечки јазик.

Била учесник на повеќе значајни манифестации и фестивали во Европа, Азија и Латинска Америка. Според поезијата од нејзината книга „Танц по морињата“ во превод на италијански јазик, во 2016 година се направени осум композиции на конзерваториумот „Николо Пичини“ во Бари, кои се претставени на неколку концерти во Италија, Данска и САД. Како научник-истражувач престојувала на Универзитетот во Виена и Универзитетот во Гранада. Најзначајни книги: „Танц по морињата“ (поезија), „Дервиш или човек, живот и смрт. Религискиот поттекст на романот ‘Дервишот и смртта’ на Меша Селимовиќ“ (научна студија), „Фламенко утопија“ (поезија), „88“ (кратки раскази).

Во текот на својата резиденција во Скопје, Реброња ќе работи на новиот ракопис, при што планира во текстот да ќе внесе некои специфични мотиви од Скопје и од амбиентот на градот. Според неа, новиот ракопис треба да биде средба меѓу современиот миг во кој ќе престојува во градот и историјата, архитектурата, културата, музиката, уметноста на градот, погледнат низ призмата на симболичкото и магиското во текстот.

Резиденцијалниот престој на Надија Реброња е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе