Вести Македонија Најважни

Мицкоски го чека одговорот на СДСМ, чии партиски тела утре ќе одлучуваат за неговите два услови

СДСМ на Централент и Извршен одбор на партијата СДСМ ќе го разгледуваат исходот од вчерашната лидерска средба, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хрситијан Мицкоски пак го чека нивниот одговор на двата услови поставени од неговата партиија за таа да се согласи на уставни измени.

Очекуваме да се сложат од стран на раководството на СДСМ, не знам како им се вика – Централен одбор, како им е вика тоа таму… Да прифатат ваква влада во која што нема да учествува ДУИ и да прифатат амндманите на Уставот да се со важење, тогаш кога Макеоднија ќе биде членка на ЕУ, изјави денеска Мицкоски.

Социјалдемократите за утре ги закажаа состаноците на двете највисоки тела на партијата, поради, како што наведуваат, новосоздадените околности на политичката сцена во земјата. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, изјави дека новата околност е што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, јавно кажал дека неговата партија не е против уставните измени.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ де факто го променија ставот, прифатија уставни измени и прифатија учество во Влада за европска иднина на паритетна основа, со ист број на министри. Дури и условот ДУИ да не биде дел експресно беше прифатен од страна на ДУИ, само да не се измислуваат нови и нови услови, рече Кузеска на денешната прес-конференција.

Мицкоски денеска ги исцрта контурите на предоната влада во која, како што рече би имало место за сите партии освен за ДУИ.

Да формираме, еве условно кажано, некоја преодна влада без учество на ДУИ, со сите останати политички партии, немаме ние против. И добро е консолидираната опозицијата на албански политики партии да биде дел од таа влада, да има и таа некои институции, за да може да имаме рамен терен за игра со ДУИ на изборите, рече Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека Мицкоски доставил и три можни датуми за избори на есен, по кои ВМРО-ДПМНЕ, како што стои во партиското соопштение е подготвено да формира влада на широко национално единство, со сите партии освен со ДУИ.

Од СДСМ пак наведуваат дека од друга било прифатено барањето измените на Уставот да важат одложено, односно од денот на одржувањето на втората меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ, како и барањето избори што понатаму ќе ги спроведе заедничката влада.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе