Вести Македонија Најважни

(Видео) Муцунски до Мицкоски: Имате овластување од ИК на ВМРО-ДПМНЕ за противење за уставни измени под диктат

Христијан Мицкоски доби овластување од Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ за бранење на позицијата на противење за уставни измени под диктат во пресрет на најавената средба со лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Клубот на пратеници. Аберот за Мицкоски стигна претпладнево од партиското седиште, каде заседаваше ИК.

„Денеска, во прерсет на одржувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците, заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа донесе одлука да го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христојан Мицкоски да ги афирмира и одбрани следните позиции. Поаѓајќи од националните и државните интереси и запазувајќи го мислењето на огромното мнозинство на граѓани во државата, уставни измени под диктат и под околности кои се поразителни за Македонија не смее да има. Носењето на уставни измени во состојба кога е нападнат националниот и државен идентитет на македонскиот народ, кога се оспорува јазикот, историјата и културата, не е никаков чекор напред, туку отворање на вратата за нови поразителни условувања и себеодрекувања“, соопшти Тимчо Муцунски, потпретседател на партијата.

Македонија, како што нагласи Муцунски во продолжение, „поради лесните отстапки досега и штетните политики на власта е веќе во изолација“.

„Измама е тезата дека на оваа лидерска средба се одлучува за интеграција или за изолација. На оваа лидерска средба се одлучува или за уставни измени и национални порази или за одбрана на националното достоинство и националните и државните интереси“, додаде Муцунски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара фер шанса, каква што ја имаат и другите народи во Европа кога ѝ пристапувале на Европската унија (ЕУ) и потенцира дека нареден чекор, по неуспехот за уставни измени, треба да бидат предвремени парламентарни избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе