Вести Македонија Топ вести

Со активности за испитување на земјиштето започнаа работите за изградба на Коридорот 8

Со активности за испитување на земјиштето, каде ќе поминува страничниот, алтернативен пат на автопатот Тетово – Гостивар денес беше означен почеток на работите за изградба на Коридорот 8, кој е дел од договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

И овој ден е посебен за директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, како и оној пред речиси два месеца кога беше откриена таблата која и тогаш означи почеток. Паралелно ќе се одвиваат геомеханичките испитувања, проектирањето, подготувањето елаборати за експропријација и мобилизација на градба. За Рустеми, тоа е подобар концепт.

Јас одговорно ви тврдам дека од денеска имаме механизација на трен бидејќи имаме нов концепт на градба на патиштата бидејќи тој стариот концепт што беше до сега ние сите сме сведоци колку траат нашите проекти за изградба на патиштата. Како пример ни е Кичево-Охрид. Значи 10 години не можеме да го завршиме патот што има 57 километри. Затоа ние како Јавно претпријатие, Министерството за транспорт и врски, Владата одлучивме да менуваме концепт, рече рустеми.

 

За најавеното оспорување пред Уставен суд на донесените закони поврзани со коридорите 8 и 10-Д, кои ги потпиша претседателот на државата, особено по реакциите за Законот за работни односи, првиот вицепремиер Артан Груби, смета дека нема причина за такво нешто.

Никаде во законите не се споменува спорната бројка од 60 работни часови. Се искординира целата работа со правната служба во Владата, со законодавната правна комисија со сите експерти и Министерството за труд и социјала така што нема апсолутно никаква причина ниту да се оспори, ниту да се разгледува од Уставниот суд, всушност законското решение предвидува дека работиците можат да работат прекувремено, што можат и сега, но за тоа треба да дадат писмена согласнот дека ќе работат прекувремено и тоа мора да им се плати, тврди Груби.

Груби рече дека поради клаузула за доверливост не го доставиле целиот договор за „Бехтел и Енка“ до Државната комисија за спречување на корупција, додека Јавното обвинителство ја има целосната верзија.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе