Култура

Дебата за преводот во рамки на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“

Ве известуваме дека на 26 мај со почетокот во 17 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе се одржи дебата за преводот во која ќе учествуваат двајца писатели и нивните преведувачи: бугарската писателка ЕленаАлексиева и нејзината преведувачка на македонски јазик, Катица Гаровска, и македонскиот писател Петар Андоновски и неговиот преведувач на словенечки јазик, Сашо Пуљаревиќ. Разговорот е во рамки на меѓународниот фестивал „Денови на прозата“ што на 25 и 26 мај се одржува во Куманово. Модератор на разговорот ќе биде Владимир Јанковски.

Во рамки на настанот писателите и нивните преведувачи ќе ги споделат своите перспективи за уметноста на преводот, за преведувањето дела одблиски културни контексти, а ќе ги споделат и своите искуства за преводот на конкретните прозни дела на кои работеле: „Прекинувањето на Самсара“ од Елена Алексиева и „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски.

Учеството на преведувачот Сашо Пуљаревиќ на фестивалот е во рамки на неговиот резиденцијален престој во Скопје, во текот на кој работи на преводот на словенечки јазик на романот „Лето во кое те нема“ од Петар Андоновски. Резиденцијалниот престој на Сашо Пуљаревиќ е поддржан од европската мрежа за превод и книги Традуки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Македонскиот театар последниве години е во долг зимски сон

Дејан Дејан

Мирко Попов – In memoriam (1972-2024)

Дејан Дејан

Осветлување на Археолошкиот музеј со црвено светло по повод Светски ден за борба против туберкулозата – 24 март

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе