Вести Македонија Топ вести

Опомените од Грковска до функционерите со бавен ефект

Го опомена вицепремиерот Артан Груби за играњето на кошарка во министерскиот кабинет и користење на службени возила и службени простории за партиски цели. Од неа опомена доби и министерот Бујар Османи, за злоупотреба на службени возила за изборни и партиски активности, а бараше да одговори и дали Бесмира Ејупи е вработена во МНР. За службените возила ги критикуваше и министерот Насер Нуредини, владиниот генерален секретар Методија Димовски, а бараше отчет и од екс министерот Тупанчевски за патувањето во Палермо и за случувањата во М-Нав.

Но, дали има ефект од тие опомени? Вицепремиерката задолжена за добро владеење, вели – да, но бавно и не кај сите.

Има влијание, има промени во однесувањето, но тоа е процес, потребно е време за промена на свеста. Етичкиот кодекс не е закон, нема прекршочни одредби, но е алатка за поттикнување на свеста и совеста. Во високо развиени држави, моралниот аспект има голем ефект, но тоа не е случај и кај нас. Сѐ уште не постои свест дека одредени работи не се дозволени кога сте на јавна функција, смета вицепремиерката Грковска.

Прашана дали има притисоци од страна на некои функционери, Грковска одби да одговори. Во однос на механизмот кој им стои на располагање, првата мерка е опомена, а  во случај кога се повторува, втора мерка е да се извести премиерот, по што тој одлучува дали и како ќе го санкционира. Мерките се да побара оставка, разрешување или јавна опомена.

Приоритети во следниот период се и предлог законите за  измени на законите  за Судски совет, за Совет на обвинители и за Академијата за судии и јавни обвинители, затоа што смета дека состојбата во судството е загрижувачка и мора да се сменат критериумите за избор на обвинителите. Се работи и на закон за конфискација на имот со кој  и во случај кога нема осудителна пресуда, ќе треба во граѓанска постапка да се докаже дека имотот е стекнат по легален пат.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина 13-годишно момче од Битола, причини за смртта сè уште непознати

Дејан Дејан

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Каде ќе се прегласува на парламентарните избори – ДИК одлучува за приговорите

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе