Вести Македонија Топ вести

(Видео) Оштетен инвентар, искршени прозорци, тоалет кој изгледа како запален – студенти демолираа хотел во Охрид

Оштетен инвентар, искршени прозорци, шишиња од пиво на покривот, тоалет кој изгледа како запален. Во таква состојба е еден од хотелите на охридското крајбрежје во кој минатата недела биле сместени студенти од различни делови на поранешна Југославија. Менаџерот на хотелот, за хрватските медиуми, изјави дека гостите од Загреб биле агресивни, иако во хотелот имало и нивни колеги од Србија и од БиХ.

„Беа студенти од КИФ од Загреб и студенти од Србија. Но, студентите од Загреб беа агресивни. Сето тоа беше минатиотРазбираме дека се тоа млади луѓе, но мора да се има мерка. Многу сме изненадени. Ние имаме големи групи на студенти кои доаѓаат овде на дружење. Никогаш досега немало проблеми“, изјави менаџерот на хотелот за хрватскиот портал 24сата.хр

Тој додаде дека по собите, наводно, се палеле и димни факели.

„Имавме обезбедување кое ја смири ситуацијата, па полицијата не интервенира. Хотелот функционира нормално и ни дојдоа нови групи на студенти. Се надеваме дека такво нешто нема да се повтори“, додаваат од хотелот.

Претседател на студенти од Загреб: Ние не оштетивме ништо, видов момци од Мостар како кршат вазни

Претседателот на Кинезиолошкиот факултет во Загреб, пак, за хрватските медиуми ја раскажа својата верзија за настаните од престојот во Охрид. Тој тврди дека со запалената соба немаат ништо студентите од Загреб.

„Тој кат воопшто не беше на Загреб. Менаџерот ни потврди дека за таа соба е виновна инсталацијата и дека не е намерно запалена. Јас постојано бев некаде и не можам да контролирам се, но веднаш напишавме во групата да не се прават проблеми“, изјави Мартин Стојчевиќ, претседателот на Студентскиот одбор на КИФ.

„Таму имаше 12 факултети. Ние сме еден од најголемите и не е во ред да нè обвинуваат. Загреб не правеше штета и јас лично, со свои очи, не видов ниту еден од нашите да прави проблеми. Доколку имаше такво нешто, прв ќе седнев да разговарам. Она што видов со свои очи беа момци од Мостар како кршат вазни. Не можам да влијаам врз нив, можам врз нашите. Ние бевме 217 лица и секој од нас даде по 20 евра како залог, што не ни беа вратени, а вкупно имаше 1.250 луѓе. Сите се забавуваа по ходници, нека не нè споменуваат само нас. Видов нешто штета, но не сведочев дека некој од нашите крши или фрла. Велат сме биле агресивни, меѓутоа нашите беа дружељубиви“, додаде Стојчевиќ за 24сата.хр.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина 13-годишно момче од Битола, причини за смртта сè уште непознати

Дејан Дејан

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Каде ќе се прегласува на парламентарните избори – ДИК одлучува за приговорите

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе