Вести Култура Топ вести

(Видео) Сашко Коцев за независниот филм „Нешто слатко“: Луд човек снима филм, а полуд снима без буџет

Актер со две улоги, копродуцент и косценарист, тоа е Сашко Коцев во независниот филм,  словенечка романтична комедија „Нешто слатко“ (Nekaj Sladkega) во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот, Тин Водопивец од Словенија.

За време на своето гостување во „Утринска на Телма“ Коцев вели- луд човек снима филм, а полуд снима без буџет.

„Во текот на снимањето многу спонзори се откажаа, бидејќи за врме на корона пандемијата во 2021, секој ја користеше како алиби. Па така од компании со кои имавме склучено договри за 40.000 евра, добивме одвај по 10.000 евра. Благодарен сум на медиумите за поддршката на независниот филм. Да покажеме дека може и со љубов да се работи. Беше забавно тешко и напорно. Имавме многу попатни потешкотии, стресови и завршување во Брза помош. Но, трагедија плус време е еднакво на комедија. И сега од оваа временска дистанца тоа ни е многу смешно“, рече Саско Коцев.

Нему у е посебно драго што сите кои го гледаа овој нискобуџетен филм му кажале дека не се познава тоа.

„Се водевме од тоа дека точно сиромашни сме продукциски но, не сакаме да бидеме ефтини, всушност внимававме да не сме ефтини, ниту во глумата, ниту во хуморот, ниту во сценариото, ниту во фотографијата“, вели Коцев, кој додава „најголемо задоволство ни е кога ќе видиме колку карти се продале, по три черити сали се полнат на ден“.

Коцев кој е и копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич се потпиша и на сценариото на комедијата, претходно посочи дека ова е филм за човековата прва и последна шанса во животот.

Станува збор за збунувачка романтична комедија. Филм полн со преплети и забавна содржина. Кариерата на една организаторка на конференции е во рацете на маркетинг гуруто од Македонија, кој го пропушта летот за Љубљана. За да избегне катастрофа, го заменува со еден локален слаткар кој изгледа исто како него.

„Оваа не е урнебесна комедија но е еден ведар филм, во којшто се зборува за големи работи за Пи-ар, кој може да предизвика војна, потоа се зборува за лажни авторитети, за лажни идеализирања, дека пи-ар-от може да те направи и просјак и бог“, вели Сашко Коцев.

„Еден ден снимаме на сет во еден хотел во Љубљана и доаѓа директорката и вели дојде инспекција, ако не сте вакцинирани не смеете да сте во хотелот. Па, продудентот ни рече кој не е вакциниран мора да излезе и излегоа 97% од луѓето. Останавме само двајца, а 50 луѓе беа на 16-ти кат на поткровје на ладно и ѕиркаа цело време дали си заминале инспекторите. Јас си помислив, сега да дојде инспекција и да не види со сите камери и опрема дека снимаме филм, ќе ни речеше: „Вие двајца снимате филм? На прашањето кој ви е камерман, одговор- јас сум камерман. Кој глуми? – Јас. А шминкерот кај ви е? – Јас сум. И сигурни ќе ми речеше е па ај нашминкај ме“, раскажа Кочев една анегдота од снимањето на филмот.

Тој истакна дека улога којашто е што подалеку од него, нему му е подрага, „бидејќи глумецот сака да биде некој друг, да се стави во некоја друга кожа, во некоја друга природа“, вели Сашко Кочев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еден затвореник полесно повреден во инцидент меѓу две групи во затворот во Шуто Оризари

Дејан Дејан

Мицкоски во посета на штабот на Вреди – со Таравари разговарале за агенда и принципи за можно коалицирање

Дејан Дејан

Бегалците од кондовската група уапсени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе