Вести Македонија

Примероци од договорот со „Бехтел и Енка“ нема ни за пратениците со безбедносен сертификат

Пратениците со безбедносен сертификат нема да добијат во раце примероци од договорот со „Бехтел и Енка„. Деловите за кои се заинтересирани, ќе им бидат презентирани, но на која комисија и кога, сè уште не се знае. Претседателот на Собранието тврди дека не го видел договорот и не сака ни да го види.

Јас го немам договорот, немам ни потреба да го видам, а не сум ниту надлежен за тоа. Примероци нема да им бидат доставени ниту на пратениците со безбедносен сертификат, затоа што станува збор за класифициран документ.Сите делови за кои се заинтересирани да ги видат, ќе им бидат презентирани, изјави Талат Џафери.

Деветмина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои поседуваат безбедносни сертификати, минатата недела упатија писмено барање до премиерот да им го достави договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, по што тој испрати согласност до собранието.Најавија дека, откако ќе го видат, ќе изработат амандмани за подобрување на предлог-измените.За измените на законот за работни односи, со кои се дозволува 60 – часовна работна недела, се поднесени 1111 амандмани од Левица. На втори мај пратениците ќе се координираат за овие прашања, но не се очекува епилог до средината на месецот, затоа што следната  нова седница е дури на 10 мај.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештајот за непотребните операции на срце поминал на затворена владина седница, откри Клековски без да даде повеќе детали

Дејан Дејан

Руте бара од членките на НАТО јасен план за преземање на поголем дел од трошоците

Дејан Дејан

Украина бара лиценца за производство на ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“ – тоа би било доволно за заштита, вели Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе