Култура

Неделава ќе се одржи 16. издание на Панфиз

На малата сцена на Македонскиот народен театар, од четвроток до сабота ќе се одржи 16. по ред Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз“.

На годинешното издание на фестивалот ќе бидат прикажани три претстави од различни жанрови и земји. На отворањето на 27 април, ќе настапи гостинот од Швајцарија, Дамир Дантес со 90-минутната пантомима, „Страдањата на Исус“, претстава која како тема ги зема најважните случувања од животот на Исус, а сето тоа преточено преку јазикот на пантомимата. Патување 2000 години назад во минатото, моќно, поетско, драматично, трогателно, велат од „Панфиз“ во соопштение до медиумите.

На втората вечер на фестивалот ќе настапи младата актерка од Србија, Нада Милошевиќ, со својот буто перформанс „Суштество, во кој како егзистенцијален предизвик се поставува истражувањето на скриениот архетип на битието, изгубено во сопственото опкружување.

На третата вечер гостите од Романија ќе настапат со физички театар, танц и пантомима „Hommo Love“, претстава која како соло актер ја води Пол Цимпоеру, потпомогнат од својата партнерка Алина Пентак. Ова е претстава за љубовта која секогаш и сегде ни се случува, а изведувачите нѐ канат, не да ја видиме, туку да ја почувствуваме, стои во соопштението од „ Панфиз“.

Оваа година фестивалот има ревијален карактер, а како и изминативе три години по ред билетите за претставите се бесплатни. Публиката, нив ќе може да си ги подигне секој ден од 27 април до 29 април од 14:00 часот, на билетарницата на МНТ и пред почетокот на секоја од претставите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

Дејан Дејан

Диана Добрева: Културата е патот преку кој Бугарија и Македонија можат да се сплотат

Дејан Дејан

Бојаџиевска: Дубравка Угрешиќ не можеше да ја поднесе бруталната комерцијализација на уметноста

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе