Спорт Фудбал

Милан заинтересиран за англиски репрезентативец од Манчестер сити

Кајл Вокер очигледно нема иднина во Манчестер сити и неговиот договор, што му истекува во јуни 2024 година нема да биде продолжен.

Англискиот репрезентативец е целосно замрзнат надвор од тимот од Пеп Гвардиола и уште ова лето ќе му биде дозволено да си замине. Еден од најзаинтересираните клубови за неговите услуги е Милан.

„Росонерите“ бараат засилување на десната бековска позиција, каде што моментално во форма е само Давиде Калабрија. Алесандро Флоренци имаше тешка повреда, а Серџињо Дест не ги оправда очекувањата и следната сезона ќе се врати во Барселона.

Вокер има 32 години и по потреба би можел да игра и како централен бек, што сигурно го прави привлечна опција за тренерот Стефано Пиоли.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе