Спорт Фудбал

Тирам има понуди од Манчестер јунајтед и Интер

Манчестер јунајтед е силно заинтересиран за Маркус Тирам од Борусија Менхенгладбах, кому летово му истекува договорот. Французинот како слободен агент ќе си замине од бундеслигашот и се наоѓа на врвот на листата на желби на менаџерот Ерик тен Хаг.

Тирам има одлична сезона за Менхенгладбах, но интерес за него покажува и Интер, кој бара замена за Ромелу Лукаку. Понудата на „нераѕурите“ е финансиски послаба од таа на Јунајтед, но Италијанците му гарантираат првотимски статус за разлика од Англичаните.

Францускиот репрезентативец, кој има 25 години, сезонава на 27 натпревари во Бундеслигата има 13 голови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе