Ракомет Спорт

Лазаров го скрати списокот за дуелите со Луксембург и Турција

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го скрати списокот на ракометари повикани за последните два натпревари од евроквалификациите со Луксембург и Турција.

На скратениот список на Лазаров се најдоа 21 ракометар, кои ќе конкурираат за настап на двата дуели закажани за идната недела.  За разлика од мартовските квалификации со Португалија, сега во тимот се враќаат вардаровите играчи Филип Талески и Гоце Георгиевски, кој се очекува да ги одигра последните два натпревари во својата репрепрезентативна кариера.

Од претходниот собир ќе ги нема повредените Мартин Велковски и Иван Џонов, а во конкуренција не е Марио Танкоски. Во националниот тим по подолго време повик доби и пикерот Михаил Аларов.

Тимот повторно ќе биде предводен од стандардните Никола Митревски и Мартин Томовски на голот, потоа Филип Кузмановски, Жарко Пешевски, Томислав Јагуриновски, Никола Митревски, како и помладите Марко Митев, Игор Ѓоргиев, крилата на Е. Пелистер, Ненад Костески и браќата Атанасијевиќ.

Првиот собир на репрезентацијата е закажан за во недела, а прво гостуваме кај Луксембург на 26 април, а потоа во последното коло на 30-ти април ја пречекуваме Турција. Со две победи го обезбедуваме второто место на табелата и пласманот на Европското првенство во Германија идната година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе