Кошарка Спорт

Натпревар на сезоната: МЗТ против Цибона – да се биде или не!

МЗТ Скопје денеска од 18 часот против Цибона го игра најважниот натпревар во АБА-лигата сезонава. На македонскиот шампион му е потребна победа за да избегне директно испаѓање од елитата, но и Борац да загуби на тешкото гостување кај Будуќност.

МЗТ цела сезона е на дното на табелата во АБА-лигата, но во последното коло има добри шанси да го избегне „фенерот“. Прво и основно нашиот тим вечерва мора да ја победи Цибона, а потоа и да чека услуга од Будуќност. Во случај „металците“ да загубат, директно испаѓаат во АБА2. Ако успеат да го избегнат последното место, нешто што се чинеше како невозможна мисија пред неколку недели, тогаш ќе ја продолжат битката за опстанок во баражот и тоа против тим од АБА2.

Тимот на Драган Николиќ врза две победи по ред и тоа против Задар и Сплит на гостински паркет, па сега го бара третиот триумф во низа и воедно трет против хрватска екипа. Цибона нема посебни мотиви на овој натпревар, бидејќи не е загрозена за испаѓање ниту пак може да се пласира меѓу првите осум тимови, односно во плејофот. Меѓусебните дуели на МЗТ и Цибона секогаш се интересни, а на последните шест средби во Скопје, двата тима се радувале по три пати.

Натпреварот почнува во 18 часот во салата „Јане Сандански“, а раководството на МЗТ одлучи влезот да биде бесплатен со цел навивачите да направат пеколна атмосфера за клучниот дуел сезонава. Дуелот помеѓу Будуќност и Борац, кој исто така е од голема важност за МЗТ се игра утре со почеток од 19 часот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе