Вести Култура Македонија Топ вести

ЗЏМ: Со нашата работа нема да се наруши комодитетот на било кој од вработените во Филхармонија

По вчерашната прес-конференција на Филхармонијата, на која кажаа дека нема просторни капацитети за сместување на новиот Оркестар за џез музика во истата зграда и дека се противат на одлуката на Владата за заедничко работење под ист кров, денеска преку соопштение се јавија од Здружението на џез музичари. Од таму велат дека нивниот нов Оркестар за џез музика, нема да го наруши работењето на Филхармонијата во истата зграда. И повикаа на солидарност и заедничко изнаоѓање решение од кое никој нема да биде загрозен.

Работењето на новиот Оркестар за џез музика во зградата на Националната филхармонија, нема да го узурпира делувањето на нивниот оркестар, велат во соопштение до јавноста од Здружението на џез музичари. Според нив, ова е последно обраќање до јавноста зашто се уморни од конфронтациите во последниве две недели, започнати откако Синдикатот на Филхармонијата излезе со петиција потпишана од 108 вработени и испратена до министерката за култура и премиерот, против одлуката на Владата за времено сместување на ОЏМ под ист кров со Филхармонијата.

„Сакаме да потенцираме дека со нашата работа нема да се наруши комодитетот на било кој од вработените во Филхармонија. Најважно од сè, е тоа што ние сè уште не добивме ниту еден релевантен аргумент дека нашето евентуално работење во зградата ќе го попречи работењето на оркестарот на Филхармонија“, велат од Здружение на џез музичари на Македонија.

Од ЗЏМ велат дека според изведувачкиот концертен карактер на нивниот оркестар, додека не се појави нова концертна сала, единствено салите во Филхармонијата и во НОБ им одговараат за проби и концерти. Повикуваат на достоинство  и солидарност кај сите засегнати страни и заедничко изнаоѓање решение од кое никој нема да биде загрозен.

Реакцијата на ЗЏМ доаѓа по вчерашниот прес на Филхармонијата, на кој кажаа дека се изманипулирани од министерката за култура и тие и ЗЏМ , зашто по минатонеделниот состанок со двете страни, таа им ветила , но не го исполнила ветувањето дека одлуката на Владата ќе биде променета. Од Филхармонијата се противат на одлуката зашто велат дека нема просторни капацитети за континуирана работа на двата оркестри во истата зграда и најавија протести по Велигден, со барање оставка од министерката Костадиновска- Стојчевска, доколку одлуката не се промени. Револтирани од нејзиниот однос , вработените во Филхармонија вчера одбија да се сретнат со министерката. А, таа тоа го сподели на Фејсбук и кажа дека не го разибра нивото на некултура на вработените во Филхармонија и дека ќе се изнајде трајно просторно решение за Џез оркестарот.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе