Спорт Фудбал

Мбапе останува во ПСЖ да ја освои титулата во ЛШ

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе во последно време се поврзуваше со евентуален трансфер во Реал Мадрид и дека поради незадоволството од резултатите во Лигата на шампионите, тој ќе бара нова средина каде ќе може да го прослави освојувањето на трофејот во елитното натпреварување.

Пари Сен Жермен и оваа сезона постана без шанса да се бори за престижниот пехар и тоа се наведуваше како главна причина поради која Мбапе сака да си замине од француската престолнина и по цена да зема помала плата.

Сепак по последната изјава очигледно дека Мбапе нема намера да и замине од клубот и дека пред себе си поставил нова цел.

“Сакам со Пари Сен Жермен да ја освојам титулата во Лигата на шампионите. Еднаш веќе играв во финалето, полуфиналето и во останатите елиминациски фаза. Но, никогаш не сум го освоил трофејот. Тоа е се што ми е потребно. Јас сум човек од Париз и имам договор со клубот. Тоа значи дека сакам да го освојам пехарот со Пари Сен Жермен”, рече Мбапе.

Во досегашниот тек од сезоната младиот Французин во дресот на Пари Сен Жермен на 35 натпревари постигна 31 гол.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе