Останато Спорт

Краузер остана без светскиот рекорд во фрлање ѓуле

Светската атлетска федерација не го верификуваше светскиот рекорд на Американецот, Рајан Крауер што го постави за време на натпреварувањето во сала што се одржа во Потасел.

Од федерацијата соопштија дека салата каде што е постигнат резултатот од 23 метри и 38 сантиметри нема сертификат за одржување на натпревари и дека борилиштето за фрлање ѓуле не ги задоволувало потребните стандарди.

“Дијаметарот на кругот бил поголем од дозволеното и тоа на секоја мерна точка, сегментот исто така бил поголем од тоа што го предвидуваат правилата и поради тоа светскиот рекорд нема да се верификува”, се вели во соопштението.

По оваа одлука Краузер и натаму има најдобар резултат на сите времиња, но останува постигнувањето од 2021 година кога во Јуџин имаше фрлање од 23 метри и 37 сантиметри додека неговиот најдобар резултат во затворено е оној од истата година кога забележа далечина од 22 метри и 82 сантиметри.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Славески со нова победа во БКФЦ: Македонецот повторно во игра за појасот (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Македонија на 69.место на ФИФА ранг-листата

Sportska Redakcija

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе