Спорт Фудбал

Англичаните од 2026 со забрана обложувалниците да бидат спонзори на клубови

Клубовите кои се членови на Премиер лигата на денешниот состанок донесоа едногласна одлука според која од сезоната 2027/2027 им се забранува на обложувалниците да се рекламираат на дресовите.

Во моментов дури осум клуба кои се дел од елитното натпреварување во Англија на своите дресови рекламираат некоја обложувалница.

“Оваа одлука е донесена по поширока расправа во која учествуваа клубовите, претставниците на Лигата и владините оддели за култура, медиуми и спорт. Ова е дел од разговорите со претставниците на останатите спортови околу инцијативата за развој на нов кодекс за одговорно спонзорирање на обложувалниците”, се вели во официјалното соопштение по денешниот состанок.

Инаку владата на Велика Британија веќе подолг период работи на нов правилник со кој ќе се регулира начинот на обложување на само на фудбалските туку и на натпреварите во останатите спортови.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе