Спорт Фудбал

Ристовски останува во Динамо до 2025 година

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ја прифати понудата за продолжување на соработката и во составот на загрепски Динамо ќе остане до 2025 година.

Ристовски во хрватската престолнина дојде во 2021 и беше еден од носителите на играта на  Динамо, а во текот на оваа сезона тој игра во одлична форма и постигна четири погодоци од кои три директно донесоа три бода за лидерот на табелата.

Покрај Ристовски соработката со Динамо ја продолжија стоперот Дино Периќ, голманот Даниел Загорац и играчот од средниот ред Јосип Мишиќ.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе