Кошарка Спорт

Пелистер не беше достоен ривал за Хелиос Домжале: Срамен пораз на битолчани во АБА2

Пелистер се посрамоти на завршницата во АБА2-лигата откако вечерва загуби со неверојатни 54 поени разлика против Хелиос Домжале во рамки на четвртфиналето. Словенците и пред мечот важеа за големи фаворити, но сериозно ослабениот битолски состав не даде речиси никаков отпор.

Победникот веројатно беше познат уште пред почетокот на натпреварот, ако се знае дека Пелистер во Домжале отпатува без повредениот Андреј Маслинко, како и без двајцата Американци, Деонте Карутерс и Кенет Карпентер, кои не играат поради административни причини.

Хелиос, кој е домаќин на завршниот турнир стигна до преубедлива победа од 101-47. Конечниот резултат кажува многу за текот на овој натпревар во кој битолчани беа само статисти, односно спаринг партнер за нешто посилен тренинг на Словенците.

Сеад Хаџифејзовиќ и Никола Силаџи постигнаа по 17, односно 16 поени во редовите на Пелистер. Тадеј Ферме и Јан Земљиќ имаа по 15 поени кај Хелиос Домжале.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе