Спорт Фудбал

Италија кандидат за домаќин на Евро 2032

Италијанската фудбалска федерација и официјално поднесе кандидатура за организација на Европското првенство што ќе се одржи во 2032 година.

Во кандидатурата се истакнува дека мечевите би се играле во 10 града и тоа Милано, Торино, Верона, Џенова, Болоња, Фиренца, Рим, Неапол, Бари и Каљари и дека во следниве 10 години ќе се инвестира во целосна реконструкција и модернизација на стадионите.

Италија во минатото имаше за цел да се кандидира за континенталниот шампионат во 2028 и Светскиот куп 20230 година, но направена е проценка дека за овие натпреварување немаше доволно време ниту финансии за реконструкција на стадионите во градовите каде би се одиграле натпреварите.

Во исто време кандидатура за организација на Европското првенство поднесе и Турција која е во конкуренција за домаќин на шампионатите во 2028 и 2032 година.

Покрај Турција во конкуренција за домаќин на Евро 2028 е Велика Британија и Република Ирска кои поднесоа заедничка кандидатура.

УЕФА соопшти дека темелно ќе ја оцени секоја кандидатура и дека Извршниот комитет конечната  одлука за првенствата во 2028 и 2030 година ќе ја донесе во октомври.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе