Вести Култура Топ вести

Археолозите на протест – со измените на законот легално ќе се уништува културното наследство

Македонското археолошко друштво поради законските измени, за денеска најави протести  бидејќи според нив со ваквиот потег се овозможува бескрупулозно легално уништување на културното наследство… Измените предвидуваат доколку за време на изградбата на автопатите се пронајде археолошко наоѓалиште изведувачот на градежните работи, тоа да го пријави до надзорниот инженер, наместо како до сега до надлежната јавна установа за заштита или до Министерството за внатрешни работи. Упатија апел на денешниот протест да им се приклучат претставници од Министерството за култура, од Управата за заштита на културното наследство, од установите за заштита, како и сите засегнати граѓани. Сметаат дека предложените измени и дополнувања се направени без консултации и вклучување на стручната и научната јавност, чија професионална дејност е да го истражува и заштитува културното наследство, согласно Уставот и релевантните закони

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бајрами: Изборниот процес поминува без поголеми нарушувања

Дејан Дејан

Си Џипинг и Вучиќ потпишаа изјава за стратешко партнерство на земјите

Дејан Дејан

МВР: Изборниот ден тече мирно со регистрирани помали инциденти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе