Ракомет Спорт

Савевски: Имавме големи очекувања, преземам одговорност за евентуален неуспех

Женската ракометна репрезентација на Македонија на реваншот од баражот за пласман на Светското првенство патува со два гола негатива откако вечерва во Скопје, Украина славеше со 24:22.

“Оваа година и пол кога ги игравме тие мечеви, првите полувремиња ни беа катастрофални. Дали домашниот терен создава голем притисок, навистина треба да се види. На гости играме подобро. Многу лошо, слабо во одбрана и напад, слаб ефект на голманите во првото полувреме. Не можеше да се види дека сме работеле добро. За разлика од вториот дел кога одигравме подобро, кога се виде дека младите играчи може многу да дадат. Се надевам дека на реваншот во Унгарија каде што ќе играме ќе бидеме подобри. Разликата во квалитет не е голема. Овој пат Украинките покажаа брза игра, но и тие прават грешки. Во оваа ситуација со овие играчи мислам дека една мотивирана екипа која ќе почне добро, и да се поправиме, одиме да изненадиме во вториот меч”, изјави селекторот на репрезентацијата Љубомир Савевски.

Патем предводникот на националниот тим истакна дека е подготвен да ја преземе одговорноста за евентуалниот неуспех во обидот да се обезбеди пласман на Светското првенство.

“Договорот ми важи до септември, ако не успеам да направам селекција ќе преземам комплетна одговорност. Сите имавме големи очекувања, имавме добро расположение, очекувавме да одиграме многу подобро, ги гледавме мечевите на Украина кои играа добро, но не брзо. Но, ме изненадија во првиот дел кога играа брзо. Имавме и многу исклучувања. Слабата реализација секогаш ни е проблем. Мораме да знаеме на што сме. Лажни надежи не ни требаат во овој момент”, заврши Савевски.

Реванш натпреварот Македонија за три дена го игра во унгарскиот град Кишварда.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе