Ракомет Спорт

Награда и за ракометарите ако се пласираат на ЕП

По одлуката за награда на женската селекција за евентуален пласман на Светското првенство, Ракометната федерација на Македонија донесе одлука и за висината на премијата за машката селекција за учество на завршницата од континенталниот шампионат.

РФМ како награда за обезбеден настап на Европското првенство за машката репрезентација предвиде бонус од два милиони денари.

Ракометарите по двата порази од Португалија се уште се во добра позиција за освојување на второто место во групата со оглед на фактот дека во последните две кола кои се на програмата кон крајот на месецов ги очекуваат дуели со Луксембург и Турција.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се фаворити во двете соочувања и се очекува дека без поголем проблем ќе обезбедиме уште еден настап на големите натпреварувања.

Мечот против Луксембург се игра на гости на 26 април, а четири дена подоцна во Скопје ја пречекуваме репрезентацијата на Турција.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе