Ракомет Спорт

Мицевска: Со поддршка од трибините до победа против Украина

Македонската женска ракометна репрезентација в сабота во Скопје го игра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство.

Нашата селекција по учеството на континенталниот шампионат има можност да почне една нова традиција и да ја продолжи низата на настапи на големите натпреварувања.

Оваа нова, млада генерација покажа дека може да биде рамноправна и со селекции од самиот врв на европскиот ракомет и со право се надева на успех во двете соочувања со Украина.

“Од моментот кога ја добивме Украина за противник во баражот за Светското првенство, ние се фокусираме на овој дуел. Сметам дека имавме доволно за да се подготвиме и сега ни останува само да ги одржиме завршните тренинзи и се надевам дека ќе успееме во обидот да обезбедиме пласман на Светското првенство”, изјави нашата голманка Јована Мицевска.

Голем придонес во обидот да се избори пласман на Мундијалот може да имаат и гледачите. Ракометната федерација реши влезот во арената Борис Трајковски да биде слободен и да им даде поддршка на избраничките на селекторот Љубомир Савевски во обидот да се стигне до победа.

“Украина е вистинскиот противник за оваа фаза од патот кон Мундијалот и дека имаме добра шанса да бидеме подобри во овој дуел. Сметам дека е добро што првиот натпревар го играме на домашен терен, се надевам дека ќе имаме максимална поддршка од трибините. Дополнителна предност е и фактот што реванш мечот го играме на неутрален терен и верувам дека Македонија повторно ќе биде дел од едно големо натпреварување”, заврши Мицевска.

Натпреварот во арената Борис Трајковски се игра в сабота и почнува во 19 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе