Ракомет Спорт

Савевски: Украина е ривал за почит, но се надевам дека можеме да стигнеме до успех

По настапот на последното Европско првенство, македонската женска ракометна репрезентација ја очекува баражот за Украина преку кој можеме повторно да бидеме дел од едно големо натпреварување, а тоа Светскиот шампионат што ќе се одржи кон крајот на годинава.

“Најтешки натпревари за секоја селекција се баражите и квалификациите за настап на големите натпреварувања. Посебно кога се играат два натпревари како што сега е случај. Репрезентацијата на Украина е една од попосакуваните противници, но тоа е селекција која во минатото покажуваше резултати за почит, но во последниве години не се присутни на големата сцена. Сепак тоа е селекција која мора да ја почитуваме, во последните квалификации за малку не направија изненадување против Хрватска. Не очекува противник што знае што сака, кој е доволно искусен да стигне до поволен резултат”, изјави селекторот Савевски.

Нашите ракометарки првиот натпревар го играат на домашен терен. Избраничките на селекторот сигурно дека на овој дуел во Скопје мора да победат и да обезбедат предност пред реваншот на неутрален терен во Унгарија.

“Со моето искуство не може да се каже дали тоа што прво играме дома е предност или хендикеп. Во модерниот ракомет веќе тоа не значи дека можете полесно да ја завршите работата. Ние се подготвуваме за 120 минути добра игра и во ниту еден момент не помислуваме дали играме дома или во гости. Мора на највисоко ниво да ги одиграме двата натпревари”, продолжи Савевски.

Во текот на изминативе неколку години низ натпреварите се селектираше тим кој треба да Македонија да ја врати на големата сцена.

“Според нашите анализи на претходните настапи, посебно на Европското првенство правевме многу грешки. Кога имате мал број на ракометарки кои имаат доволно искуство да играат големи мечеви тоа е сосема очекувано. Во овој период имавме серија на тренинзи со ракометарките кои играат во домашното првенство и се надевам дека ќе добиеме барем три-четири играчи кои ќе можат во одреден дел од натпреварот да ги заменат поискусните и да играме во висок ритам во текот на сите 60 минути”, заврши предводникот на националниот тим.

Првиот дуел со Украинките го играме в сабота во Скопје. Мечот се игра во арената Борис Трајковски и почнува во 19 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе