Вести Македонија

Русковска: Фетаи пред време полагаше правосуден испит со дозвола на Михајло Маневски

Поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вели дека јавната обвинителка Фатиме Фетаи го полагала правосудниот испит пред време, а ова и било дозволено од тогашниот министер за правда на ВМРО-ДПМНЕ, Михајло Маневски. Според Русковска, Фетаи ја добила оваа привилегија поради тоа што се покажала како исклучително добар студент.

-И беше дозволено со само една година стаж по завршување на факултетот, да полага правосуден испит пред време. Тоа не беше тајна, сите знаевме во тоа време. Она имаше завршено правен факултет, и наместо две години стаж во правосудство, она после една година од страна на тогашниот министер полагаше  правосуден. Образложението беше како многу добар, исклучиво добар студент. Затоа никој не го сфати тоа како погрешно – рече Русковска.

Сепак таа смета дека е погрешно тоа што процедурата не била запазена во случајот со Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери. За Барлет медиумите објавија дека положил правосуден испит пред да ги заврши студиите.

-Тоа не е во ред. Процедурата мора да биде запазена – рече Русковска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе