Спорт Фудбал

Белингам, Рајс и Де Јонг на листата на желби на Манчестер Јунајтед

Според пишувањето на британските медиуми менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг има три желби кои би сакал да ги исполни во текот на летниот преоден рок.

На листата на холандскиот тренер се наоѓаат Џад Белингам, Деклан Рајс и Френки де Јонг и за комплетирање на трансферите на тројцата играчи ќе бидат потребни околу 300 милиони фунти.

Најскапиот од триото кое го посакува Тен Хег е Белингам кој е под договор со Борусија Дортмунд, а Бундеслигашот за предвремен раскин бара сума од 130 милиони фунти.

Троцифрено обештетување бара и Вест Хем за прекин на соработката со уште еден репрезентативец на Англија, Рајс.

Под 100 милиони е обештетувањето за Де Јонг кој е под договор со Барселона и за него Каталонците бараат околу 70 милиони.

Тен Хаг верува дека наскоро ќе се случи смената на раководната структура во клубот и дека новите сопственици ќе сакаат веднаш да инвестираат во екипата, а со тоа и да ги исполнат желбите на менаџерот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе