Ракомет Спорт

Лидерот Вардар му гостува на Алкалоид

Продолжуваат и натпреварите во ракометната Супер лига, а денеска ќе се одигра дербито на седмото коло.

Вечерва од 20 часот во салата во Автокоманда, Алкалоид е домаќин на лидерот Вардар кој и во продолжението од сезоната се уште не ја почувствувал горчината на поразот.

Црвено-црните веќе успеаа да слават во соочувањето со директниот конкурент за титулата Еурофарм Пелистер, а дуелот против Алкалоид е нов предизвик за составот предводен од Владо Недановски.

На спротивната страна Алкалоид има серија од четири победи и во моментов е на третата позиција на табелата со три бода помалку во однос на водечкиот градски ривал.

Денеска се игра уште еден меч од седмата рунда во кој Пролет на домашен терен го пречекува вториот тим на Еурофарм Пелистер, а почетокот е закажан за 19 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе