Вести Спорт

Миленковски од „Комити“ во „Топ тема“: Никогаш не сме завртеле грб на Вардар и нема да завртиме, клубот на секои 10 години има вакви циклуси и сите ги пребродувал

Вардар има циклуси и, отприлика, на десет години му се случува ваква состојба и од аспект на мобилизација на навивачите, подобро сме функционирале кога клубот е во ваква ситуација, истакна Милорад Миленковски од навивачката група „Комити“ во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Имавме неколку акции за спас на Вардар. И сега и во 2009, 2010 година, па пред доаѓањето на Брацо Вујчиќ, некаде на почетокот на 2000 година. Тогаш имавме голем пост со титули или ако сакате ќе се вратиме уште поназад, до 1990 година, кога испаднавме во втора лига на поранешната држава. Досега сме ги пребродувале сите циклуси, сме се труделе да бидеме конструктивен, составен и креативен дел на Вардар. Не само да даваме поддршка на натпреварите, туку да го помагаме клубот и на други начини“, вели Миленковски.

Тој се осврна на последната акција на „Комити“, пред две години, кога се продаваа билети за собирање на средства за клубот.

„Продадовме 33.300 билети и собравме околу 55.000 евра. НО, тоа не беше се. На таа акција се надоврзаа и некои други компании кои помогнаа нематеријално, со средства, што беа неопходни за функционирање на клубот“, истакна Миленковски.

И покрај тешката состојба во која е Вардар, Миленковски нагласи дека навивачите останале лојални на клубот.

„Не сме се свртеле против клубот, иако многу работи отстапуваат од тоа што било претходно договорено и најавено. Затоа праќаме порака и до било кој од идните сопственици на Вардар, без разлика колкава е нивната финансиска моќ, ние ќе застанеме зад било кого и ќе му дадеме една посебна енергија на клубот“, порача Миленковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се знаците за високиот шеќер во крвта?

Дејан Дејан

Армијата на Мали потврди: Командантот на ИСИС е мртов

Дејан Дејан

Две деца загинаа при израелски воздушен напад врз куќа во Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе