Вести Спорт Топ вести

Газдата на Вардар во „Топ тема“: Фудбалерите се подолг период без плата, се бориме да обезбедиме средства и за ручек, немаме каде да тренираме

Ситуацијата во моментот е, благо речено, алармантна. Нема што да криеме, нема што да се лажеме“, рече Слободан Крстевски, сопственик на фудбалскиот клуб Вардар, воп вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Изминатите шест-седум месеци имам проблем со финансирање на фудбалскиот клуб Вардар. Се бориме да обезбедиме од некои основни средства, да речеме од ручек, па до плати. Момците кои играат, подолг период немаат земено плата, проблем за кој бараме решение веќе подолг период. Меѓутоа, за жал, досега не успеавме да најдеме заеднички јазик со ниту еден спонзор, ниту со потенцијален нов купувач“, вели Крстевски.

Тој истакна оти од поодамна соопштил дека не може да продолжи да го финансира Вардар и заедно со негови колеги е во постојана потрага по нов спонзор кој би го презем клубот.

„Имаме проблеми со инфраструктура, почнувајќи од немање каде да тренираме, до земањето на платите кои се основен параметар и основен услов за тие момци да излезат на терен и да остават срце за Вардар“, рече Крстевски.

Првиот човек на Вардар, сепак, ги пофали фудбалерите кои, и покрај незавидната состојба во која западна клубот, играат, како што рече, со срце.

„Едба или две плати имаат земено, а се први на табела. Буквално гинат на секој натпревар. Тие не се херои само на Вардар, туку херои на цела држава и се пример како треба да се функционира, кога еден колектив е на стаклени нозе. Тие се единствени заради кои Вардар е опстанат во моментот. Можат да кажат „од утре повеќе не играме, но продолжуваат заедно и со истата, заедничка, цел – враќање во првата лига и менување на целата слика за Вардар“, изјави Крстевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе