Останато Спорт

Се засилува притисокот кон ИОК за суспензија на Русија и Белорусија

Полска, Велика Британија и трите балтички земји денеска објавија заедничка изјава во која се бара забрана на настап на спортистите од Русија и Белорусија на претстојните Летни олимписки игри што ќе следната година ќе се одржат во Париз.

“Цврсто стоиме на ставот дека сега не е време да се разгледува опцијата за отворање на патот на спортистите од Русија и Белорусија за настап на Игрите. Не е дозволиво е тие да партиципираат со било кој статус. Иако ИОК се уште не донел конечна одлука ние го охрабруваме да ги преиспита своите планови и да остане на ставот кој го подржува меѓународната заедница”, се вели во дел од заедничката изјава.

Водечките луѓе на Интернационалниот олимписки комитет се соочуваат со два големи проблеми. Првиот е дека ако дозволат спортистите да партиципираат на Игрите ќе следува бојкот на дел од земјите кои се против нивното враќање во редовните натпреварувања, а вториот дека истото може да се случи во спротивна насока односно бојкот на државите кои го поддржуваат враќањето на Русите и Белорусите на борилиштата.

ИОК се залага спортистите од Русија и Белорусија да партиципираат на Игрите во Париз и да имаат неутрален статус односно да не се натпреваруваат по своето знаме и ако се освои златен трофеј да не се интонира националната химна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе