Пренатрупаност, корупција, бегства како на филмови, огромна стапка на повратници. Пробацијата не функционира, ресоцијализацијата не постои.
Директори на установи по избор на партија наместо професионалци.
Затворска полиција што се крпи со кадар наместо да се гради и обучува.
За овие и други дилеми во Топ Тема со Огнен Чанчаревиќ дебатираат Јовица Стојановиќ – директор на Управата за извршување на санкции, адвокатот Виктор Цветковски, поранашен директор на Управата и Славица Димитриевска од Канцеларијата на Народниот правобранител.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
