Магазин Утринска на Телма

Малиот Ајдин од Сребреник (БиХ) ја испеа „Јано мори“ и не расплака сите

Јасмин Брашњиќ и Ајдин Османовиќ се професор и ученик од Сребреник, Босна и Херцеговина.

Во Утринската на Телма за прв пат се претставуваат пред македонската публика откако видеото со изведбата на Ајдин на песната „Јано мори“ стана едно од најсподелуваните видеа во Македонија.

Во разговорот за Утринска на Телма, со ученикот Ајдин и професорот Јасмин разговараме за оваа извонредна изведба на нашата „Јано мори“, за моќта на македонската народна песна, за тоа дека можеш со само 11 години да ја чувствуваш и пееш со срце и од душа убавата македонска песна.

Неговиот професор, Јасмин Брашњиќ, го познава Ајдин од прво одделение и уште веднаш забележал дека е вонсериски талент.

Откако изведбата на Јано мори стана едно од најсподелуваните видеа кај нас,Јасмин признава дека меѓу коментарите од Македонија честа била споредбата на Ајдин со Тоше Проески.

„Пред еден месец ја преслушав песната „Јано мори“ и му кажав на професорот за неа. Ние ја извежбавме и ја објавивме на видео на интернет. Се надевам дека Ви се допадна бидејќи нам ни се допадна многу, рече малиот Јасмин во Утринска на Телма.

„Ме фасцинира што луѓето од Македонија го нарекуваа бисерно грло“, дополни неговиот наставник Јасмин кој вели дека многу луѓе од Македонија го контактирале преку интернет за да се заблагодарат за изведбата и да ја пофалат.

,,Не треба да пееш како робот,,- е советот од професорот за својот ученик.

„Во секој збор кој го пеам се обидувам да внесам емоции, раскажува 11-годишниот Ајдин Османовиќ.

,,Регионална кариера, јас за околу десет години сонувам за тоа,,- ни ги призна Јасмин своите желби за својот ученик Ајдин.

Катерина Тодевска Спасиќ

А во продолжение еве како Ајдин ја испеа „Јано мори“ со чисти емоции кои ги разбрануваа чувствата на сите нас, но и на сите кои што уживаат и ја ценат македонската фолклорна лирика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Огромна потреба од угостителски работници: Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе