Останато Спорт

Крихмајр и Штухец победници во спуст на финалето во Андора

Винсент Крихмајр и Илка Штухец триумфираа на последните сезонски трки во спуст на финалето во Светскиот куп во алпско скијање што се одржува во Сулдеу, Андора.

Крихмајр стигна до четвртата сезонска победа во спуст со време од 1:26,59 минути. Тој зад себе ги остави двајцата Германци, Ромед Бауман и Андреас Сандер, кои задоцнија девет, односно 13 стотинки.

Александер Амод Килде, кој веќе ја обезбеди титулата во спуст, денеска заврши на шестото место. За потсетување, Марко Одермат веќе го осигура Големиот кристален глобус во генералниот пласман, а ги освои и титулите во велеслалом и супер велеслалом. Во недела на последниот натпреварувачки ден од финалето ќе се решава само за титулата во слалом.

Илка Штухец беше најбрза на женскиот спуст во Андора. Словенката оствари време од 1:30,35 минути и ја победи Софија Гоџа од Италија, која веќе ја имаше безбедено титулата во спуст. Подиумот го комплетираше Лара Гут Бехрами, пред Федерика Брињоне.

Микаела Шифрин уште минатиот викенд ја обезбеди титулата во генералниот пласман, кои титулите во слалом и велеслалом, а по утрешната трката во супер велеслалом ќе биде позната и последната шампионка во оваа дисциплина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе