Ракомет Спорт

Ракометарите отпатуваа за Португалија, 18 играчи во конкуренција за место во тимот

Македонската машка ракометна репрезентација денеска замина за Порто каде утре против селекцијата на Португалија ќе го одигра вториот дуел од квалификациите за Европското првенство.

Селекторот на националниот тим Кирил Лазаров се реши да поведе 18 играчи кои ќе бидат во конкуренција за место во екипата, а конечниот состав ќе биде познат по одржувањето на редовниот тренинг.

Покрај играчите кои беа дел на натпреварот во Скопје кој Португалија го реши во своја полза со 29:23 во конкуренција се уште Михајло Младеновиќ и Михаил Аларов, а од поширокиот список отпаднаа голманот Марко Кизиќ и Ален Ќосевски.

Дуелот со Португалците се игра во Матосињош, а почетокот е закажан за 18 часот и 30 минути.

Во завршните два дуели од квалификациите за континенталниот шампионат во април не очекуваат соочувањата со Луксембург и Турција на кои треба да го верификуваме новиот настап на големите натпреварувања.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе