Останато Спорт

Мечот за историја ќе се одржи во Лондон

Менаџерските тимови на Тајсон Фјури и Александар Усик постигнаа согласност за одржувањето на мечот за обединување на титулите во тешка категорија.

Иако се очекуваше овој дуел да се одржи во Саудиска Арабија сепак двајцата боксери ќе се соочат во Лондон и според договорот на двата тима домаќин ќе биде стадионот Вембли, а мечот ќе се одржи на 29 април.

Според последните информации за терминот на одржување на мечот известена е и Светската боксерска асоцијација и од овој момент веќе може да почнат подготовките.

Според договорот приходите од овој дуел ќе се делат во однос 70:30 во полза на Фјури, а кон крајот на април двајцата боксери ќе се борат за титулите во IBF, WBA, WBO и WBC.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе