Вести Македонија Најважни

Убијците на Кривањева бегале со Ауди А6, го запалиле автомобилот за бегство во Шутка- нови детали за нападот врз Шиша бар во скопската Чаршија

Полициски извори за Телма потврдија дека е најдено возилото за бегство на убијците од Шиша бар во Шутка.

Станува збор за автомобил Ауди А6 кој бил запален на улица Вашингтонска во Шутка.

Убијците по вакво “чистење” на доказите избегале ао друг автомобил. Од улицата каде е најден автомобилот за бегство, напаѓачите на Кривањева можеле да стигнат брзо до скопската обиколница или до Визбегово и патот кон Блаце односно се на половина час возење до Косово.

Од МВР засега не соопштуваат детали за потерата и за осомничените освен дека станува збор за повеќе лица кои пукале кон убиените.

Полициски извори за Телма пак тврдат дека напаѓачите влегле во Шиша бар во Старата скопска чаршија и биле облечени во црна облека налик на униформа по што повикале дека станува збор за полициска рација.

Кога ги нашле “таргетите” почнале да пукаат во нив и избегале. На лице место се убиени Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени. Засега нема информации дали напаѓачите носеле и полициски симболи на облеката.

По нападот, групата убијци избегала со Ауди А6 кое е најдено запалено во Шуто Оризари. Регистрациите на запалениот автомобил биле украдени од друго возило.

Во изгореното ауди се најдени остатоци од два мобилни телефони, тврдат за Телма полициски извори.

(Видео) Увид по двојното убиство во скопската Чаршија – полицијата ја блокира улицата Самуилова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Силјановска: По политичкиот земјотрес на 24 април, очекувам политички вулкан на 8 мај

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе