Вести Македонија Топ тема

Топ Тема – Кои се ризиците од социјалните мрежи за младите луѓе?

Медиумите и електронските средства предизвикуваат зависност и тие се веќе дел од најновата класификација, од јануари 2022-ра година во светот, како 11-та класификација на психолошки болести и растројства, изјави во вечерашната Топ Тема, проф. др Насер Дурмиши од универзитетската клиника за психијатрија.

„Има цела нова категорија на заболувања и растројства, каде се работи само за медиумите и електронските средства, посебно телефоните и социјалните медиуми. И цела низа дијагнози кои се врзани за тоа. Тоа е цел нов ентитет на патологија, која порано не сме ја знаеле ниту пак имале поставено во категоризацијата на заболувања и растројства, коај сега е веќе реално“ – изјави Дурмиши.

Секако дека овој тип на девијации и социо-патолошки појави предизвикуваат проблеми за индивидуалното здравје, но и за општественото здравје, оцени професорката на Филозофскиот факултет, Татјана Стојаноска Иванова.

Лилјана Пецова Илиеска, експерт за приватност и интернет, според истражување правено со млади лица, на возраст од 14 -15 години, во нашата држава, било утврдено дека 61% ги користат социјалните медиуми за следење на трендови ( мода, облека, музика, филмови и др); не помал е процентот на оние кои ги користеле за да договараат средби со пријатели, за споделување слики или видеа. 25 % од испитаниците, од младите луѓе изјавиле дека ги користат и за создавање нови пријателства, од кои 7% биле возрасни луѓе.

„Каде е веќе моментот на доедукација на тие малолетници, кој е ризикот од интернетот и ризикот од содржините кои може да се случат, како продукција и дистрибуција на недолична содржина“ – вели Пецова-Илиеска.

Студентот Бленди Ходаи, социјалните медиуми и дигитализацијата, како и многу други појави, имаат свои добри, но и лоши страни.

„Од нас сега зависи, како сакаме да ги користиме. За добри цели или за негативни цели. Професорите, општеството треба да ги едуцира младите луѓе, како е најбезбедниот начин да се користат овие алатки. Често на социјалните медиуми младите луѓе се изложуваат и на ставови кои се однапред со предрасуди и знаат да ги формираат своите мислења врз основа на нив“ – вели Ходаи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе