Останато Спорт

Градоначалничката на Париз се премисли, сега е против настап на Русите

По само десетина дена градоначалничката на Париз, кој е домаќин на следните Олимписки игри, Ан Идалго го смени ставот околу евентуалниот настап на спортистите од Русија и изјави дека тие не можат да партиципираат на најголемото натпреварување се додека трае војната во Украина.

“Не сум за опцијата спортистите од Русија да настапат како неутрални. Тоа е многу нечесно. Не сакаме да ги видиме на дефилето за време на церемониите на свеченото отворање и затворање на Игрите. Тоа е земја која нападна друга држава и не смееме да се преправаме дека тоа не се случува”, рече Идалго.

Руските спортисти на последните две Олимпијади во Токио и Пекинг настапија како неутрални. Поради санкциите изречени од страна на Интернационалниот олимписки комитет поради непочитување на правилата за допинг контроли тие на борилиштата се појавија без национални одбележја, а ако се качија на подиумот не се интонираше химната на Русија.

ИОК смета дека Русите треба да го задржат статусот на неутрални и да им се дозволи да бидат дел од големите натпреварувања преку кои ќе обезбедат норми за учество на Олимписките игри.

Руските национални спортски асоцијации поради инвазијата врз Украина од март минатата година се суспендирани од сите натпреварувања, а доколку се прифати сугестијата на ИОК тие повторно би се вратиле на борилиштата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спонзорот на Шкендија се закани со повлекување: ФФМ итно да ја преиспита одлуката

Sportska Redakcija

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе