Вести Најважни Свет

Вучиќ за одбиеното барање за враќање на српски безбедносни сили на Косово: КФОР смета дека нема потреба

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека КФОР го одбил барањето за враќање на одреден број на српски безбедносни сили во Косово, што се темелеше на Резолуцијата 1244. Тој наведе дека „сите го знаеле и очекувале тој одговор“.

„Не мислам дека многумина се прашуваат за одговор. Ми се чини дека сите го знаевме и очекувавме тој одговор. Во внимателно составеното писмо до владата на Србија, а преку воениот кабинет и јас бев запознат, е наведено дека нема потреба за враќање на војската на Србија и српските оружени сили на територијата на Косово и Метохија, повикувајќи се на Резолуцијата 1244 во која ја истакнуваат нивната улога, но не се осврнаа на делот на Резолуцијата во кој е дозволено“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател за Божик беше на Хиландар. По враќањето во Белград се очекува да изнесе став и за ранувањето на двете момчиња кај Штрпце, но и дополнително да се произнесе за одговорот на КФОР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Косовски државјанин се обидел да пренесе килограм марихуана – во спат повредил цариник при што бил приведен

Tea Dimkovska

Мавровското Езеро порибено со 460 килограми крап во пресрет на Светското првенство во спортски риболов

Tea Dimkovska

Скопјанка се сомничи дека како претседателка на Комисијата за одгледување канабис не спроведувала контроли кај правно лице од Свети Николе

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе