Ракомет Спорт

Кадетската репрезентација ќе настапи на престижен турнир во Германија

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија во машка конкуренција на крајот од овој месец ќе настапи на елитниот меѓународен турнир „Шпаркасен Куп“, што ќе се одржи во градот Мерциг во Германија.

Нашиот тим, кој е предводен од селекторот Раде Стојановиќ ќе се натпреварува во групата Б заедно со Германија, Холандија и Австрија.

Натпреварите се играат во два дена и ќе се игра два пати по 25 минути. На 27 декември, Македонија ќе ги одмери силите со Австрија. Следниот ден на 28-ми, нашите кадети ги очекуваат два дуели. Прво се среќаваме со Германија претпладне во 11:20 часот, а потоа во 16.40 часот ќе играме и со Холандија.

Оваа генерација на ракометари изминатото лето оствари голем успех и го освои ЕХФ шампионатот во Рига со што обезбеди учество на следното Европско првенство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитријевиќ се сели во Солун, потпиша двегодишен договор со Арис

Sportska Redakcija

Кејн ја спаси Англија: „Гордиот Албион“ славеше со пресврт против Конго (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Милионска фешта во Мексико Сити по историската победа на Мексико (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе