Вести Македонија Топ вести

(Фото): Началникот кој ги лажел колегите во случајот Флешер, стоеше до Спасовски на пресот во СВР Скопје

(началникот во СВР Скопје Вулнет Аземи, стои крајно лево од Спасовски во прв ред, носи црвена кравата и има брада)

Минатиот петок при посетата на СВР Скопје, на новинарско прашање за случајот Флешер поврзан со автомобил користен од синот на заменикот Назим Буши,  министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека не се знае кој го возел автомобилот мерцедес, но со сигурност знае дека не е Ќерим Буши. Меѓу присутните на прес конференцијата беше и началникот со советничка функција во СВР Скопје Вулнет Аземи.

Денеска пак МВР тврди токму Адеми бил полицискиот функционер кој ги лажел колегите полицајци (МВР тоа го нарече доведување во заблуда) дека мерцедесот на приватна фирма било службено возило по што полицајците воопшто не го регистрирале случајот и прекршокот, брзо возење и нелегално користење флешери.

Нејасно е како началникот Аземи уште тогаш не му кажал на министерот Спасовски за кого интервенирал за да биде пуштен автомобилот кој според МВР не го возел Буши помладиот.

МВР соопшти дека Г.К., 29-годишен скопјанец е возачот на автомобилот со таблички 0202. Со оваа регистрација има два автомобили кои ги користи синот на Буши, мерцедес од приватна битолска фирма и ауди А6 земен под лизинг од банка.

Според информациите на Телма, началникот Аземи интервенирал за 29-годишниот Гентиан Колци.

МВР не објасни каква е врската меѓу високопозиционираниот полициски началник и Колци кој ја возел колата за која сите знаат дека ја користи син на заменик министер за внатрешни работи.

Нејасно е зошто тогаш реагирал и лажел началникот Аземи кој како што се гледа на фотографијата пред СВР Скопје го пречека Оливер Спасовски во шпалирот скопски полициски функционери минатиот петок без уште тогаш да се даде објаснување кој е виновникот во полициските редови за случајот Флешер.

Миомир Серафиновиќ 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Со само еден глас против, Села оди во коалиција со Ахмети

Дејан Дејан

Махмуд Абас со декрет најави формирање на нова палестинска влада- врвен приоритет ставање крај на војната во Газа

Дејан Дејан

До крајот на идната недела треба да се знае кој фирми ги исполнувата условите за нов снабдува со струја на домаќинствата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе