Вести Македонија Најважни

0202 – регистрацијата на мерцедес за кој Спасовски тврди со сигурност дека не го возел синот на неговиот заменик Буши

Полицијата уште не го нашла возачот на мерцедесот кој минатиот петок направи инцидент со брзо возење. Спасовски е сигурен само во едно- дека не е синот на неговиот заменик Буши.

Некој пријавил брзо возење, но на полицијата не и кажал кој ја прекорачува брзината со мерцедес со таблички 0202, па полицијата уште не го открила. Министерот Спасосвкси тврди дека мерцедесот со таблички со бројката 0202, сигурно не го возел синот на вториот човек во МВР, заменик министерот Назим Буши. Истрагата продолжува со препорака до медиумите и граѓаните- пријавете во обвинителство ако имате сознанија.

Цела држава се можни осомничени за возење со нелегално поставени флешери од минатиот петок, само синот на Назим Буши сигурно не учествувал во инцидентот кој според првичните сознанија бил предизвикан од синот на заменик министерот. Вака тврди министерот Спасовски.

Прашање: Значи можно е и да бил и синот на заменик министерот?

Оливер Спасовски: Не е можно, не е можно. Тоа е утврдено.

Но засега ниту цела недела по инцидентот, полицијата и МВР не открија кој возел иако знаат дека приватна фирма е сопственик на автомобилот. Но според Спасовски тој што го пријавил случајот поради пребрзо возење не кажал кој е возачот.

-Денеска го утврдуваат колегите тоа да видиме кој возел, бидејќи мораме да утврдиме, тој што пријавува не кажува кој вози, ниту има какво било сознание, го утврдуваме преку некои други механизми, вели Спасовски.

-Се утврди дека пријавата доаѓа од граѓанин упатена на број, се утврди патничко возило „мерцедес“ кое не е во државна сопственост или на некое министерство, туку на приватна фирма, а возилото било упатено според нашите сознанија кон болницата Систина. Меѓутоа, и шпекулација беше во тој момент дека е тоа не знам син на функционер, дека не знам тоа возило учествувало и во други кривични дела итн. Затоа реков, сите сознанија што ги имате и во овој дел дали вие или граѓаните не е важно, ако ги имаме такви сознанија, бидејќи се тврдеше со прилично голема сигурност, треба да се дадат на ЈО и тука нема функционер бил, не бил функционер. Секој еден ќе си одговара за тоа што си го има направено, одговори министерот Оливер Спасовски. 

Спасовски повика и натаму дека има премногу шпекулации, а препорача медиумите и граѓаните да пријават во обвинителството она што го пишуваат или имаат сознанија за случајот за она што се зборуваше. Од сознанијата на Телма, автомобилот мерцедес кој го спомнува Спасовски е во сопственост на фирма од Битола и бројките на табличката се 0202.

Со исти бројки на регистрација но во сопственост на банка поради договор на лизинг е и Ауди А6. Сомнежите докажани со тврдења на сведоци се дека и двете возила со скопска регистрација 0202 се користат од синот на вториот човек во МВР, Назим Буши.

Една од колите, аудито ја има на фотографија објавена веднаш по кражбата на масло од канабис во крушевскио, вредно над 5 милиони евра на црниот пазар.

Сите овие наводи се познати и објавени во медиумите, а МВР води две засебни истраги за двете различни дела, едно тешко кривично, второ сериозен сообраќаен прекршок.

Ниту за кражбата на маслото од канабис извршена во април ниту за брзото возење и бегање од полиција минатиот петок, сторителите не се откриени.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриевски: Во Влада да но без ДУИ и со јасни црвени линии за заштита на идентитетот и државните интереси

Дејан Дејан

Израел со предупредување до луѓето во Рафа „копнена офанзива е неизбежна“

Дејан Дејан

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе