Вести Емисии Македонија Утринска на Телма

Дали зад „Наше Куманово“ и Максим Димитриевски стојат т.н. бранковисти од СДСМ, што треба да направи ДУИ- градоначалникот на Куманово во „Да си кажеме“ во Утринска на Телма

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во „Да си кажеме“ на Телма одговараше за идната политичка кариера и смета дека зад движењето стојат разочараните и граѓаните. На директното прашање дали зад „Наше Куманово“ стојат т.н. бранковисти од СДСМ, кумановскиот градоначалник Димитриевски вели:

„Да, и тие и многу разочарани од сите партии“.

Тој потенцираше дека Македонија има потреба од промена и тоа ќе се случи на следните парламентарни избори.

„Нема да коалицираме предизборно со никого, ќе настапиме во коалиција со граѓаните и заедно со граѓаните ќе победиме на следните парламентарни избори. Ние ќе влеземе во Влада со тој политички субјект којшто ќе ја прифати нашата програмска определба и ќе имаат легитимитет од граѓаните. ДУИ ќе мора да претрпи како партија реформи, бидејќи дефакто тоа е партија која функционира и се базира на чист клиентелизам и е моноетничка која ќе мора да работи на многу сериозни реформи доколку сака да гради мултиетничко општество“, рече Димитриевски.

Димитриевски информираше дека на последните локални избори добил поддршка од сите граѓани, не ги делел по ниту еден основ и продолжува со уште поголем интензитет со неговиот тим целосно да се стави во функција на граѓаните и на градот Куманово да стане поубаво место за живеење.

„Мислам дека успеваме во тоа со оглед на сите опструкции кои во континуитет се случуваат и дополнително, финансиските можности на општините. Дефинитивно, интензивно работиме на формирање на едно сеграѓанско движење на ниво на цела Македонија коешто ќе дојде по иницијатива на граѓаните, од граѓаните за граѓаните. Веќе формиравме такви здруженија покрај Куманово, и во Крушево, продолжуваме во Тетово и во останатите градови. До крајот на годината, следната година ќе продолжиме со тој интензитет, целта е да им дадеме поголема можност на граѓаните, да внесеме новост во политиката. Иницијативата доаѓа директно од граѓаните“, рече градоначалникот на Куманово кој е поранешен пратеник од СДСМ.

Според него, иницијативата е унисона, кумановска и доаѓа по иницијатива од луѓето во Куманово, од неговиот тим и потоа со иницијатива на граѓаните од другите градови.

„Граѓаните едноставно сакаат да се приклучат бидејќи сметаат дека ние живееме во една општа катарза кајшто не се знае којшто прави, единствено поединци во власта и одредени политички субјекти, поранешниот политички субјект кадешто на чело со ДУИ ја водат државата, всушност ДУИ цврсто управува со државата, гледате дека ги зацврстува своите позиции во сите нивоа на власта, покрај законодавната, веќе влегуваат и во судската власт, извршната веќе ја имаат. Мислам дека ова е недозволиво што ни се случува на една држава, а резултатот го гледаме сите. Првенствено, неусогласеност помеѓу институциите, а дополнителните проблеми ги чувствуваме ние граѓаните на кожа. Што се однесува до самата криза која во континуитет не следи за жал не се менаџира правилно и ефектите од таа криза се чувствуваат“, изјави Димитриевски.

Димитриевски посочи дека има поддршка, не само од поранешни членови на СДСМ, туку поддршка и од поранешни членови на ВМРО-ДПМНЕ и многу голем број на неопределени граѓани и сите се добредојдени.

„Во една прилика изјавив дека тој концепт ќе го базираме на база на волјата на граѓаните и верувам дека сите ќе ни се приклучат коишто се добронамерни. Шанса ќе добијат луѓе кои досега не биле експонирани во политиката или пак не влечат опашки зад нив“, истакна Димитриевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе има одговорност за училишната приредба во Челопек со воени униформи на УЧК и пластични пушки – просветните инспектори утврдија неправилности

Дејан Дејан

Почна со редење на куќарки и на украси на Плоштадот- град Скопје се подготвува за Нова Година

Дејан Дејан

Однесувањето на трето одделенец затвори две училишта – по „11 Октомври“ и „Лазо Ангеловски“ во бојкот на наставата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе