Спорт Фудбал

Мечевите на Мундијалот во Катар траат и по два часа

Првите четири натпревари на Светскиот шампионат во Катар ќе се паметат и по фактот дека сите траеа скоро два часа, а рекорден беше дуелот меѓу Англија и Иран чие времетраење беше точно 117 минути и 16 секунди.

Врз должината на овој дуел влијаше повредата на голманот Алиреза Беиранванд кој имаше потрес на мозокот и долго време му се укажуваше лекарска помош.

Според првите анализи на четири средби имало вкупно 65 минути дополнително време, а причината за долгото траење на натпреварите го даде првиот човек на судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.

“Уште од првенството во Русија беа дадени инструкции да се надополни секоја пропуштена секунда во која не се играло активно. Има многу повреди, измени, долги славења на головите. Сето тоа одзема многу од времето предвидено за секој натпревар и судиите сето тоа го надополнуваат”, рече Колина.

Интересен е и податокот дека двете полувремиња од натпреварот Англија – Иран и вторите од од дуелите САД – Велс и Сенегал – Холандија се најдолгите во историјата на Светските шампионати.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Погачар ја освои третата етапа и го презеде врвот на Тур де Франс 

Sportska Redakcija

Скандал на Мундијалот: Трамп интервенирал, Балогун ќе игра против Белгија

Sportska Redakcija

(ВИДЕО) Шпанските голмани со Вештачка интелигенција (AI) тренираат за Кристијано Роналдо и натпреварите на Светското првенство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе