Само 24 часа по смртта не неговиот дедо, поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега член на Нотингем Форест, Нико Вилијамс го одигра првиот натпревар на Светските шампионати.
По завршувањето на натпреварот тој беше поздравен од навивачите на Велс и со солзи во очите им се заблагодари за поддршката.

“Никогаш во животот не ми кажа дека сум одиграл добар натпревар, секогаш велеше дека можам подобро. Токму поради него сум тука каде што сум. Му го посветувам овој натпревар бидејќи тој е најзаслужен за мојата кариера. Сакам на сите да им се заблагодарам за поддршката”, напиша Вилијамс на својот Инстаграм профил.

Инаку Вилијамс на теренот мина 79 минути кога беше сменет од Бренан Џонсон.
ФОТО: Игор Паневски
