По пауза 64 години репрезентацијата на Велс повторно е дел од Светскиот фудбалски шампионат. Долгото отсуство од Мундијалите беше причина голем број на навивачи да допатуваат во Катар и да ги бодрат своите миленици.
На трибините на стадионот Ахмад Бин Али имаше околу 2500 Велшани кои направија прекрасна атмосфера, но на теренот составот преводен од Герет Бејл мораше да се спасува од пораз во соочувањето со САД.
Сепак на крајот токму со голот на првата ѕвезда во тимот Велс успеа да стигне до израмнување.
ФОТО: Игор Паневски











