Вести Најважни Спорт

Катарците од аутсајдери до домаќини на СП 2022: Инфраструктурата им беше најголем хендикеп, парите најголем адут

Пред 12 години, Катар, од аутсајдер, се промовира во победник во изборот за домаќин на Светското првенство во 2022 година. Во конкуренција на Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Америка, малата на држава на Арапскиот полуостров ги убеди делегатите на ФИФА дека е подготвена за организација на фудбалскиот Самит. Најголема хендикеп во кандидатурата на Катарците беше инфраструктурата, но најголем адут им беа парите. Ветија дека нема да ги жалат и на светот ќе му понудат незаборавен спектакл.

Од самиот избор за домаќин до првиот меч на турнирот, Катар го следат контроверзи како ниту еден организатор претходно. Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер неодамна призна дека изборот на организатор на Светското првенство во 2022 година бил голема грешка.

„Изборот на Катар беше голема грешка. Веќе беше договорено Русија да биде домаќин во 2018 година, а САД во 2022 година. Тоа требаше да биде порака за мир меѓу двете земји, бидејќи ќе добиеја прилика една по друга да бидат организатори на Светско првенство“, изјави неодамна Сеп Блатер, претседател на ФИФА од 1998 до 2015 година.  

Но, еден повик во 2010 година, како што рече, довел до пресврт.

„Ми се јави Мишел Платини и ми рече дека таквиот наш план не може да се изведе. Ми рече дека се слушнал со Никола Саркози кој бил на состанок со првиот човек на Катар. Саркози му рекол на Платини дека сака Катар да биде домаќин на Светското првенство. На крајот пресудија четири гласа што ги донесе Платини за Катар, наместо САД, биде домаќин на турнирот. Секако, се беше за пари. Шест месеци подоцна, Катар купи борбени авиони за Франција за речиси 15 милијарди долари. Тоа е вистината“, објаснува Блатер. 

 Веднаш по изборот се појави лавина од незадоволство за одлуката на ФИФА. Во преден план беа климатските услови и човековите права во земјата домаќин на 22-то Светско првенство. Меѓутоа во одбрана на Катар деновиве застана и актуелниот француски претседател на Франција, Емануел Макрон кој порача дека на тие прашања требало да се мисли при доделување на организацијата.

Светското првенство оваа година се одржува во апсолутна монархија со која владее емирот Тамим бин Хамад ал Тани и во која на сила се шеријатски закони. Во Катар, на пример, е забранета консумацијата на алкохол, како и предбрачниот секс, а се казнува и хомосексуалноста. Меѓутоа, ниту една репрезентација не реши да го бојкотира турнирот, но затоа капитените на некои од тимови ќе носат летни во боите на ЛГБТ заедницата.  Алкохолот ќе биде строго забранет на стадионите за време на турнирот, а секој кој ќе биде фатен ќе се соочи со затворска казна од шест месеци и парична глоба од 820 евра. За навивачите ќе бидат обезбедени посебни фан зони за уживање во малиганите во кои престојот и консумацијата, сепак, ќе биде временски ограничена.

Лондонски „Гардијан“ внимателно ги следеше подготовките за Светското првенство и заклучува дека од 2010 до 2021 година во Катар починале 6.500 гастрабајтери кои работеле на изградба на стадионите и останатата инсфраструктура за Мундијалот. Најмалку 200 се наведува дека починале од големи горештини и уште најмалку толку од кардиоваскуларни заболувања. Американските медиуми, пак, наведуваат дека Светското првенство е изградено на модерно ропство.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гир: Првиот круг на изборите, генерално, мина во мирна и демократска атмосфера

Дејан Дејан

„Волстрит журнал“: Американските разузнувачки агенции не веруваат дека Путин има било каква врска со смртта на Навални

Дејан Дејан

Тоа се насилници, не уставобранители – Спасовски против помилување на лицата кои упаднаа во Собранието на 27 април

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе