Вести Македонија Најважни

Виктор Димовски од АНБ денеска треба да каже каква е улогата на Агенцијата за државјанството на контроверзниот Онишченко

Собраниската комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) ќе го одржи продолжението на  седница за улогата на АНБ и АР во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство, на која се очекува да присуствува директорот на АНБ Виктор Димовски.

Во средата седницата беше прекината, откако претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов, информира дека добил известување од директорот на АНБ Димовски дека поради работни обврски во Брисел нема да може да присуствува.

Пренџов претходно најави дека директорот на АНБ Виктор Димовски ќе треба да објасни како службеници на Агенцијата го пропуштиле низ безбедносниот филтер Онишченко, кој е обвинет за корупциски зделки во Украина и ставен на американската „црна листа“.

– Тој е најповикан да одговори. Лично сум многу загрижен во врска со издавањето на македонски државјанства и на македонски пасоши веќе имам чувство дека секој втор криминалец има во џебот македонски пасош и според мене сметам дека тоа е сериозен предизвик и аномалија во безбедносниот сектор во државата, рече Пренџов.

Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквестријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.

 Претседателот на државата Стево Пендаровски рече дека станува збор за сериозен удар врз кредибилитетот на една земја членка на НАТО во очите на другите сојузници.

Има четири сектори во рамките на АНБ. Владата на крајот носи позитивна одлука. Треба да се сконцентрираме на интерната истрага во АНБ. Четвртиот сектор во АНБ е за соработка со странски служби кои се наши партнери во нато. Ако е точно тоа што го знам, вклучително и овој сектор, тоа е голем удар за кредибилитетот за АНБ. Мора да ја извлечеме одговорност за овој случај, вели Пендаровски и открива дека имало и реакција и од американската амбасада во земјава.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе